Сега веќе поранешниот директор на болницата во Струга, кој вчера беше разрешен од позицијата, а поради скандалот со родилката на која и беа извадени органи, Мухамед Асани конечно се огласи. Вели досега не зборувал за овој случај бидејќи совеста му била чиста, но сфатил дека јавноста погрешно е информирана и лошо е сфатен целиот случај.
„После една екстремно тешка и вонредна работа, која траеше цели 8 часа, успеавме да и го спасиме животот на пациентката. Сакам да нагласам дека гинекологот НЕ ВАДИ БУБРЕГ. Констатација од некои портали и индивидуи кои или тенденциозно го прават тоа или немаат поим што значи медицина. Бубрегот е изваден од страна на хирурзите кои во моментот имале индикација за тоа, зашто само на тој начин можело да го спречат крварењето кое потекнувало од таму ( сето ова е се документирано), напиша Асани на својот фејсбук профил и притоа додава:
– На мојата 30 годишна кариера, одредени портали (новоотворени без никаков критериум) и индивидуи, ме обвинуваат без никаков основ за двата случаи како да сум направил криминал.
Во врска со случајот од Дебар, ја разбирам болката на семејството, но треба да знаат дека во тек на мојата работа немало ниту една грешка.
Жалам што пациентката се соочи со една таква компликација, но после интервенцијата целата состојба им беше објаснета на семејството и текот на операцијата.
Целата медицинска документација им ја предадов на авторитетите и ќе го почитувам секој нивна одлука, вели Асани.
Deri më sot kam heshtur, jo se nuk kisha ç'të thoja dhe as se nuk e kisha ndërgjegjen e qetë, siç mund të kenë menduar…
Posted by Muhamed Asani on Wednesday, 17 March 2021