Веројатно сите сте запознаени со приказната за осмооделенецот од Штип, Дамјан Давков кој не добил награда од МОН само поради тоа што не бил средношколец, односно поради тоа што натпреварите по математика биле за средношколци.

Иако е неколку генерации помал, Дамјан ги победувал и нив, па освоил прво место. Сепак, остана без награда од МОН, доби само од Штип, од бизарна причина.

Неговата мајка Никица Давкова се огласи на ФБ.

-Голема благодарност до СИТЕ поединци од Македонија што живеат овде, но и во странство, стопанственици, компании, болници, банки, бизнис сектор, музичари и други кои се понудија да ја исплатат наградата и повеќе од тоа. Принципиелно ги одбивме вашите понуди од причина што не станува збор за материјална корист, туку за подигнување на свеста за третманот на талентираните деца во Македонија. Се надеваме дека ова ќе придонесе за донесување законски решенија за поддршка и помош на потребите на овие деца. Благодарност до сите што дадоа поддршка.

Што се однесува за добиеното Решение од МОН, си има правна поука која ќе ја искористиме и ќе продолжиме понатаму, пишува таа на Фејсбук.

Веста за Дамјан Давков ја имате ТУКА.