Невистинити се тврдењата на охриѓанецот Илија Џепароски кој вчера кажа дека паднал во отворена шахта и се здобил со повреди, а судот пресудил дека е виновен оти не гледал каде оди, според судијата од Основниот суд Охрид, Богоја Стрезоски. Тој вели дека тужителот се обидува во јавноста да пренесе искривена и лажна слика во која го компромитира судот и судиите, објави СДК.мк

„Таквите наводи на Џепароски се комплетно неосновани, бидејќи судот изведе опширна доказна постапка и во таа постапка не се утврдија неговите наводи дека настанала повреда од пад во шахта. Значи за судот беше неспорно дека тој е повреден, но не од пад во шахта. Самиот тужител во доказната постапка достави фотографија од која може да се види дека шахтата била тампонирана и никако не можело да се случи тој да има пад во шахта“, потенцира судијата Богоја Стрезоски.

Целата вест на СДК.мк