Денеска или утре, Комисијата за заразни болести ќе одржи состанок за анализа на состојбата со заболените од Ковид-19, а од Министерството за здравство велат дека е можен предлог за нови и построги мерки.
„Состанокот ќе биде денеска или најдоцна утре. Не ја исклучуваме можноста да има нови мерки, порестриктивни, по анализата на состојбата од последните неколку дена. Какви мерки и да се препорачаат, граѓаните ќе бидат навреме информирани. Нема да се случи од денес за утре да се усвои мерка, ќе има доволно време за граѓаните да се подготват. Викенд – карантин и затворање на подолг рок, засега не се предвидува“, велат од Министерството, пренесува „А1он“.
Засега на сила е полицискиот час кој беше воведен на 10 март, а истиот започнува во 22 часот и завршува во 5 часот наутро.