Цената на квадратен метар станбена површина ќе се намалува.
Напумпаните цени на становите во Скопје и внатрешноста се очекува да паднат, пред се поради намалената побарувачка, но и поевтинувањето на градежните материјали, велат познавачите.
Неодамна со најава дека цените на становите во Македонија ќе паднат излезе и Зоран Ѓоргијев, директор на АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор:
„Според она како се движат цените сега, има извесно намалување на градежните материјали. Ние како државна фирма сме регулатор на цената. Затоа сега набргу ќе се почне со градба кај старата воена пекарница, па така ќе можеме на ова лудило во државата и во целиот регион за цената на квадратен метар да бидеме некаков регулатор. Мислам дека цените ќе одат во некој благ пад надолу“, рече директорот Ѓоргијев по неодамнешниот увид во градежните работи за изградба на зградата за 312 социјално загрозени семејства во Бутел.
Цената на становите во Скопје последниве две години скокна и до 2.000 евра за квадратен метар.
Дел од граѓаните кои сакаа да купуваат стан, таа идеја ја ставија на стенд бај, се до нормализација на цените.
Превземено од Центар.мк