Со новиот Предлог – закон за изменување на Законот за инвалидски организации, се намалуваат глобите, за сторителите на прекршочна постапка. Наместо како досега инспекциските служби веднаш да ја изречат казната, тие прво треба да поднесат опомена.
Казните за физичките лица се намалуваат од 5.000 евра на 800 до 1.000. За правните лица глобите се намалуваат и од 30% од одмерената глоба односно од 200 до 300 евра во денарска противвредност.
-Глоба во износ од 5.000 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на инвалидска организација, национална инвалидска организација и Националниот совет на инвалидски организации, ако: презема активности со кои ги попречува целите на дејствување, не извести за промена на податоците, не составува финансиска документација и не доставува годишна програма и финансиски извештај“.
-Глоба во износ од 30% од одмерената глоба за правно лице ќе му се изрече на одговорното лице во инвалидската организација, националната инвалидска организација и Националниот совет на инвалидски организации за прекршоците“.
-Глоба во износ од 25 до 50 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за прекршок на овластеното службното лице во Министерството за труд и социјална политика доколку не постапи во предвидениот рок.
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ измените не се суштински туку козметички. Побараа да бидат вметнати и други отворени прашања за проблемите на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби, како што се зголемувањето на финансиските средства на нивните организации. Опозициските пратеници ја отворија и дилемата дали со намалување на казните ќе се предизвика обратен ефект, па така наместо намалување да имаме зголемување на прекршоците.
Како најсвеж пример за тоа, тие го посочија возачот на бентлито кој поради задоволство влета на сред плоштад.
Ели Панова од ВМРО-ДПМНЕ го повика собраниското во законот да бидат вметнати измени кои ќе влијаат врз подобрување на живот на овие лица.
– Во сите четири пакет на мерки лицата со инвалидитет и со посебни потребни беа изоставени. Носите закон со кој суштински ништо не се менува. Освен промена на казнената политика, овие луѓе кои се предвидува да бидат опфатени со закон треба да бидат корисиници на мерки за подобрување на нивниот живот. До сега не видовме дека се трудите да направите подобрување на нивниот секојдневниот живот. Немаат спуштени троторари, звучни семафори, ниту соодветен пристап до иснституциите, не можат да комуницираат со институциите бидејќи внатре во нив нема луѓе со кои оваа група на граѓани ќе може да комуницира, вели Панова.
Според власта со предлог – законот се уредува работењето на инвалидските организации, нивниот статус, подрачјето на делување, финансирањето и сопственоста на инвалидските организации и прекршочните санкции. Со новите измени пред да биде глобата изречена, сторителите на прекршокот прво треба да биде опоменат.
Со законот се прецизира дека надзорот над законитоста на работењето и исполнувањето на одредбите на овој закон и Законот за здруженија на граѓани и фондации над инвалидската организација, национална инвалидска организација и Националниот совет на инвалидските организации го врши инспекциската служба при Министерството за труд и социјална политика. Основна цел на предлог Законот за инвалидски организации е усогласување со Законот за прекршоци. Законот се носи по скратена постапка.