Тетово бележи пад на бројот на новозаразени со коронавирус. Во ковид-центарот во моментов се хоспитализирани 36 пациенти, а во изминатово деноноќие се регистрирани три смртни случаи.
-Денеска имаме 36 хоспитализирани, како на Интерното, така и на Инфективното одделение. За жал, во изминативе 24 часа имавме три жртви. Во однос на хоспитализираните од кобната ноќ, имаме четворица пациенти-вели Пајазити.
Лекарката Пајазити нема информации дали е зголемен бројот на медицинскиот персонал, но вели дека засега имаат доволно лекари.
-Колку што знам, има доволно персонал кој се грижи за пациентите, како доктори, така и медицински кадар. Сите пациенти се во добра состојба.-рече Пајазити.
Меѓу 14-те жртви кои трагично загинаа во пожарот кој избувна во тетовската модуларна болница, се и две надворешни лица, односно роднини на пациентите кои се грижеле за нив поради недостиг на медицински сестри. Но, потоа раководството на болницата забрани влез за придружниците кои бдееја врз нивните блиски.