Спасувачките екипи пронашле тела на неколку жртви од авионот „Ан-26“, изјавил гувернерот на Камчатка, Владимир Солодов. Нагласи дека засега не може да се соопшти точниот број на починати во несреќата, како и дека ситуацијата постојано се менува.
-Првите тела се извлекуваат од вода. Тоа е работа во реално време. Што се однесува до бројот на жртви, ситуацијата постојано се менува, изјави Солодов.
Делови од авионот се пронајдени откако леталото исчезна над Камчатка. Според информциите, авионот се урнал откако удрил во брдо.