По дваесет дена лекување, од Инфективната Клиника денеска беше пуштен од болница еден од најстарите пациенти досега излечен од Ковид 19, 98 годишниот Киро Ристов од Демир Капија.
За Телма телевизија Ристов изјавил дека не било лесно, но е пресреќен што се излечил.
-Добро е заврши. Сега ми е студено надвор. Каде е колата да си одиме, кратко изјавил за Телма Ристов, кој е роден 1923-та година.
Дедо Ќиро бил примен на Инфективна клиника на 25-ти декември каде персоналот се грижел за здравјето на стариот од Демир Капија.
По дваесетдневен престој Киро Ристов како најстар победник што ја порази короната во Македонија, си замина за Демир Капија.
Како и сите други пациенти, болницата ја напушти со заштитна маска.