Околу 400 тони нафта се излеаја во Жолто Море откако танкер се судри со друг брод во близина на најголемото кинеско пристаниште за дотур на сурова нафта, соопштија денеска локалните поморски власти.
– Количеството нафта кое се излеа од бродот во морето е околу 400 тони, а активностите за итно отстранување се одвиваат непречено, објави Управата за поморска безбедност на провинцијата Шандонг.
Инцидентот, како што наведоа, не влијаел на бродовите кои влегуваат и излегуваат од пристаништето Чингдао.
Соопштено е дека 12 бродови за деконтаминација се распоредени за чистење на нафтената дамка.