Британскиот актер Сер Иан Меккелен, познат по улогата на волшебникот Гандалф од трилогијата „Господарот на прстените“, гостуваше во британската телевизиска емисија „The Jonathan Ross Show“ каде откри како животот му се променил откако им признал на најблиските дека е хомосексуалец.
Иако актерот јавно откри дека е хомосексуалец на свои четириесет години, тој посочува дека таа одлука неизмерно го применила неговиот животот.
„Сè е различно, светот е поинаков“, вели актерот.
Во својата младост, Меккелен стравувал од осудата на општеството и од реакциите на неговите родители и роднини. Долго време тој не можел да ја признае вистината пред другите, но исто така, не било лесно целосно да ја признае и пред самиот себе.
Благодарение на напредокот што го постигнува современиот свет во областа на легализација на истополово партнерство, актерот понатаму изјавува:
„Јас сум многу исполнет, и пред сè среќен, затоа што можам да бидам тоа што сум. По одлуката повеќе да не се кријам, мојот однос со семејството, пријателите, странците, но и работата се подобрија. Поентата е дека мојата глума е, всушност, маскирање и во моментот кога добив впечаток дека конечно се открив, откако дека си признав самиот себеси дека сум геј, сè стана многу поинтересно “, откри актерот во епизодата на телевизиското шоу.