Актерот Ентони Хопкинс во младоста пиел многу, и како што изјави и самиот, буквално паднал во катастрофа. Зборувајќи за „Sunday Times“, актерот призна дека се кае, но дека некои работи не може да ги промени ниту поништи.
Актерот призна дека се завртел кон алкохолот кога бил млад, бидејќи се чувствувал виновен и длабоко посрамотен поради среќата во глумата. Оскаровецот во најновите интервјуа за странските медиуми гласно размислуваше за своите 45 години откако тој е трезен.
Завртувајќи се кон почетокот на кариерата, Хопкинс се присети на времето кога зборувал дека пијалокот за него е „прекрасен начин за одјава“.
„Токму затоа го правев тоа. Во себе си имав необични судири, не се чувствував добро во својата кожа. Се чувствував виновен и посрамотен, сметав дека не сум и достоен на среќата која ја имав како актер“, раскажа Ентони, пренесува Дејли Мејл.
Оскаровецот и претходно призна дека често се опивал „до смрт“, но дека од 1975-та година не вкусил ниту капка алкохол.
„Кога побарав помош и сфатив дека не сум сам, дека постојат илјадници како мене, сите мои стравови започнаа да исчезнуваат. Беше готово со опивањето. Животот од тогаш ми се поправи“, раскажа актерот и додаде:
„Пред 45 години си поставив сам на себе прашање дали сакам да живеам или да умрам. Реков дека сакам да живеам. Одеднаш дојде до олеснување и мојот живот беше неверојатен“.
Оскаровецот долги години бил зависен од алкохолот и се борел против тој порок. Многу филмски и драмски критичари остро го напаѓале поради тоа. Тој продолжил да пие, а резултатот од неговата зависност биле скандалите кои ги правел за време и по претставите.
Откако се освестил и го поправил својот живот, тој за себе вели дека е неверојатно среќен човек.