Република Северна Македонија започна нова етапа, реализација на уште една стратешка цел – членство во ЕУ, велат од владејачката партија СДСМ.

По 17 години конечно заслужено ги започнавме преговорите за членство во Унијата.

Процесот на преговори ќе се води на македонски јазик, со чиста формулација, без фусноти и додавки.

Историските прашања остануваат надвор од преговарачкиот процес, македонскиот идентитет, македонската посебност и историја се трајно заштитени.

Пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ и Левица за наводна асимилација и бугаризација на државата, во ЕУ влегуваме како Македонци а македонскиот јазик ќе биде рамноправен со останатите службени јазици во ЕУ.

Македонската иднина е загарантирана и таа е европска со полноправно членство во големото европско семејство, стои во соопштението на СДСМ.