Власта донела одлука од 1 ноември, граѓаните да мора да плаќаат ДДВ и за најмалите порачки од странство и тоа за пратки под 22 евра. Па до евтините пратки кои луѓето ги нарачуваат и ги плаќаат скромно ли и дојде на власта?, прашуваат од СДСМ.
„Наместо да ги заштитат интересите на обичниот човек, на младите и семејствата кои преку интернет нарачуваат евтино, Мицкоски и неговата влада избраа да им го олеснат џебот дополнително. Мора ли оваа власт да го дере народот, кај ќе стигне за се и сешто? Зошто се удира по џебот на граѓаните и се ускратува можностада купуваат поевтино онлај? Или Мицкоски до толку е седнат во скутот на олигарсите па удира по народот за да им обезбеди профити по секоја цена?“, прашуваат од СДСМ.
Според партијата, уште еднаш се потврдува дека за Мицкоски и ДПМНЕ профитот на неколкумина моќници и олигарси е поважен од стандардот на народот.
„Ова е уште еден удар врз граѓаните во време кога цените растат, платите мируваат, а економијата е во пад. Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ја претвора Македонија во земја каде што богатите стануваат побогати, а обичниот човек плаќа за нивниот луксуз додека не може да врзе крај со крај“, велат од СДСМ.
Текстот СДСМ за одлуката за плаќање ДДВ за пратки под 22 евра од странство: До евтините пратки ли и дојде на власта? е превземен од МАКФАКС.