Власта на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ како што најавуваме сите овие денови, се обидува да дефокусира, да одвлекува внимание од главната тема, договорот за прием на мигранти, но и од бројните криминални скандали за крадење на парите на граѓаните, велат од СДСМ.
Според нив, тоа е начинот на којшто, како што додаваат, криминалната ВМРО-ДПМНЕ, или позната по копи-пејст партија ги копира сценаријата на Вучиќ во Србија.
„Тоа денеска на сите им е кристално јасно.
Денеска имаше прес-конференција претседателот на СДСМ и објасни што прават, која е позадината на договорот за мигрантите но и како го копираат Вучиќ.
Затоа што и тимот на Вучиќ работи за ВМРО- ДПМНЕ.
Еве уште една изјава како пример. Денеска Мицкоски вели дека „Ако се пронајде еден мигрант од Британија дека трајно ќе ја напушти политиката.„
Исто како што за Агенцијата за обезбедување од „Пулс“ во Кочани кога изјавуваше Мицкоски: „Не е точно дека било која агенција за обезбедување има врска со ВМРО-ДПМНЕ – дајте ми доказ и утре ќе поднесам оставка!“
Поврзаноста со Агенцијата за обезбедување на Пулс и Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ се потврди ама оставка од Мицкоски немаше“.
Сега, истакнуваат од СДСМ, со кривична пријава против Спасовски, веднаш после прес -конференцијата на Филипче, власта презема уште еден чекор.
„На кого? На нашиот пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието каде што ќе биде поднесена Резолуцијата за мигрантите. Ова е класичен обид за политички прогон за дефокусирање на темата од мигрантите и скандалите на власта. Сè ќе им пукне како меур од сапуница, граѓаните гледаат и знаат сè.
Прашањето е едноставно, ќе ја потпишете Резолуцијата за мигрантите или не?
А утре нова бомба. Работата не е завршена“.
Текстот СДСМ за кривичната против Спасовски: Политички прогон за дефокусирање од темата со мигрантите и скандалите на власта е превземен од МАКФАКС.























