Социјалдемократите од следната недела најверојатно ќе ја почнат постапката за избор на нов партиски лидер. Актуелниот партиски претседател и премиер Зоран Заев вчера по средбата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши, најави дека во вторник ќе свика состанок на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Откако ќе се констатира неговата оставка ќе почне да тече рокот од 15 дена, во кои, според партискиот статут, треба да бидат распишани внатрепартиски избори за лидер, кога треба да се одреди и датумот за нивно одржување. Извори од партија брифираат дека се уште е рано да се зборува за тоа кога би биле спроведени изборите за нов партиски претседател, иако е кратко и времето со оглед на тоа и што ќе треба да се избира нова Влада.