ВМРО – ДПМНЕ во трка сами со себе, се надминуваат во лагите и во новата 2023 година, велат од СДСМ. Како што велат од владејачката партија, опозицијата била во паника и секој ден се појавуваат со нови измислици.

Во соопштението се вели:

Соочени со катастрофалното владеење на нивните градоначалници, со сѐ послабата поддршка на нивните деструктивни политики, ВМРО-ДПМНЕ си ја зацврстува улогата на заложник на Димитар Апасиев.

Христијан Мицкоски, шпицниот градоначалник, чие име го нeмаше на ниту едно избирачко ливче, исплашен да се соочи со граѓаните, точно знае кој е неговиот најголем страв.

Тандемот Ковачевски – Зечевиќ го поразија Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ на вонредните локални избори во Маврово и Ростуше и Центар Жупа, а истиот пораз ќе им се случи и на редовните парламентарни и претседателски избори во 2024 година.

СДСМ продолжува со реформскиот курс, со економски политики за раст на платите и пензиите и заштита на стандардот на граѓаните, продолжува со инвестициите и со чекорите за полноправно членство во ЕУ.

Затоа Мицкоски во 2024 година го очекува 7-от и 8-от последователен пораз како претседател на ВМРО-ДПМНЕ.