Од владејачката СДСМ се јавија со писмена реакција на прес конференцијата на Влатко Ѓорчев, кој ги обвини Заев и Филипче, односно Владата за високата смртност од коронавирус во нашата држава.
-Ништо ново во ВМРО-ДПМНЕ, си продолжува со очајните обиди политички да профитира од коронакризата, да шири страв и паника кај граѓаните, злоупотребувајќи ги, за жал, починатите од последиците на ковид-19 и нивните блиски. Од почетокот на најголемата пандемија, со која се соочува целиот свет, од ВМРО-ДПМНЕ видовме само лажна загриженост, деструктивност, поткопување на здравствениот систем, ширење страв и паника кај граѓаните, барање оставки, велат од СДСМ.
Ѓорчев: Осум илјади мртви од Ковид 19 е ужасот на Филипче и Заев