СДСМ одговори на критиките на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека стотици граѓани отишле во Белград да се вакцинираат, за доцнењето на вакцините и имунизацијата, за големиот број на смртни случаи од коронавирусот.
-Целата јавност денеска сведочи на уште едно лицемерно, деструктивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата предводена од губитникот Христијан Мицкоски која глуми загриженост за здравјето на граѓаните, денеска продолжи со деструктивноста одржувајќи протест пред Министерството за здравство. Ден пред да пристигнат над 20.000 дози вакцини, ВМРО-ДПМНЕ партијата позната по прекршување на мерките за заштита од ковид 19, организира масовни собири. Истата таа ВМРО-ДПМНЕ која е против пописот, наводно загрижена за здравјето на граѓаните, денеска организира јавни собири, велат од СДСМ.
Инаку, претпладнево ВМРО-ДПМНЕ организираше протест пред Министерството за здравство под слоганот „Здравје, а не провизии“.