Срамно и скандалозно е однесувањето на Борче Јовчески градоначалникот на општина Прилеп, вели СДСМ.
„Иако уредно поканет Јовчески не се појавил на денешниот настан со премиерот Димитар Ковачевски.
Неговата партија ВМРО-ДПМНЕ наместо да го осуди ваквиот потег, дополнително лаже дека наводно не бил поканет.
Тоа што не се појави на промоција на капитална инвестиција за Прилеп, доволно кажува за лажната грижа на градоначалникот Јовчески за Прилеп и прилепчани.
Освен што не работат ништо градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ бојкотираат настани на Владата и сето тоа на штета на своите општини и своите сограѓани.
Секојдневно се потврдува дека градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се најголемо разочарување“, се вели во соопштението.