Данела Арсовска го поништи огласот со кој требаше да се вработат нови 20 пожарникари во Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, велат од СДСМ.

Од оваа партија додаваат дека овој однос на Арсовска е против интересите на граѓаните на Град Скопје и на штета на Бригадата за противпожарна  заштита.

-Очигледен е недостигот од пожарникари во Град Скопје, дополнително, работните позиции се празнат и со редовното пензионирање, со што се зголемува потребата од нов млад кадар во Бригадата за противпожарна заштита. Но очигледно тоа не и е важно на Арсовска, која заради лични каприци  поништува јавен оглас кој беше на крајот од процедурите и со кој требаше да се вработат 20 нови пожарникари. Во изминатите четири години Град Скопје, раководен од Петре Шилегов и СДСМ, сериозно инвестираше во унапредување на условите за работа на пожарникарите. Платата на пожарникарите се покачи за 20 отсто, а се инвестираше во нова современа опрема за поголема заштита и поефикасна работа на пожарникарите, велат од СДСМ.