Во Македонија во октомври оваа година ќе се одржат локални избори. Лидерот на СДСМ откри дека на овие избори партијата ќе излезе со исти имиња на актуелни градоначалници. Наброја дел од нив. Како што вели Зоран Заев на претстојните локални избори со актуелните градоначалници СДСМ ќе се „трка“ во Валандово, Богданци, Конче, Кочани, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово-Ростуше, Деми Капија.

Иако не ги спомна градоначалниците на поголемите општини и градови, особено за Град Скопје, Заев вели дека во мај и јуни ќе се одржи постапката за кандидирање и селекција, по што одлуката ќе ја донесат органите на партијата.