На следните локални избори СДСМ во 12 општини ќе оди со нови кандидати наместо актуелните градоначалници.

Генералниот секретар Љупчо Николовски тврди дека на Извршниот одбор на СДСМ, од 16 кандидати за градоначаници, 12 се нови имиња.

Досега владечката партија има утврдено 50 кандидати за градоначалници, а остануваат да се утврдат останатите каде има повеќе претенденти, како што се Куманово, скопски Центар, Крива Паланка, Битола, Струмица и Кочани и за уште неколку скопски општини.

Николовски смета дека новите кандидати не значи дека партијата се откажува од старите кадри, туку давање шанса на нови и помлади лица. Според него, кандидатите за градоначалници и советничките листи ќе заврши до крајот на август.