Системот функционира. Сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, граѓаните се солидарни, медиумите одговорно информираат, соседите, сојузниците нудат помош, велат од СДСМ како реакција на критиките од опозициската ВМРО-ДПМНЕ за неделувањето против пожарите.

Од владејачката партија велат дека само ВМРО-ДПМНЕ седи на страна,  шири невистини, напразно и неосновано критикува.

-Системот функционира, ситуацијата е под контрола. Пожарите не се политичка тема. Надлежните институции будно ја следат состојбата и делуваат. Државата е тука за граѓаните, нивната безбедност и сигурност е на прво место, велат од СДСМ.