„Секогаш кога Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат фатени во криминал, одговорот е ист – зборуваат за „дестабилизација“. Наместо конкретни одговори, наместо постапки, јавноста добива излитени фрази и сценарија за страв и хаос. Тоа е истиот рецепт на неговиот ментор Груевски „А војна да направиме“ – кој се слушаше во „бомбите“, кога се обидуваа да прикријат криминал со криза“, велат од СДСМ.
„Мицкоски зборува за дестабилизација, додека негови функционери и коалициски партнери се фатени во урбан мафијашки скандал со над 150 дивоградби во Чаир.
Прашањата се јасни:
Зошто Мицкоски не побара оставка од вице-премиерот Арбен Меџити, додека трае истрага за дивоградбите кои тој ги поставувал пред својот наследник?
Зошто Панче Тошковски одбива да отвори истрага против Меџити и Висар Ганиу?
Кој интерес стои зад заштитата на урбаната мафија од страна на ВМРО-ДПМНЕ?
Зошто Мицкоски молчи за 150 нелегални објекти и се заканува со „дестабилизација“?
Одговори нема. Наместо тоа, Мицкоски повторно се заканува со хаос – наместо да се соочи со реалноста и да расчисти со криминалот во сопствените редови.
Граѓаните веќе препознаваат: кога ВМРО-ДПМНЕ зборува за „дестабилизација“, тоа значи едно – некој од нив повторно е фатен на дело. СДСМ нема да дозволи заканите и сценаријата на Мицкоски да бидат параван за криминал и прикривање на одговорност“, се наведува во соопштението на СДСМ.