Христијан Мицкоски сѐ уште не може да се соземе од изборниот пораз што му се случи на вонредните локални избори и шамарот што го доби од граѓаните, велат од СДСМ.

„Седум дена, Мицкоски не кажа ниту збор за вонредните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ загуби во двете општини каде што се избираа градоначалници и регистрираше драстичен пад на гласовите.

Нема Мицкоски што да каже. Граѓаните му кажаа дека се против блокади и деструкции, јасно порачаа дека се за развој, напредок, поголеми плати, европски вредности и сигурна иднина и застанаа зад СДСМ и Коалицијата“, стои во нивното соопштение.