Само по неколку владини одлуки и една шака нови функционери, јасно е кој правец го фати ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е правецот наназад кон 2016 година.

ВМРО-ДПМНЕ реши едно од претпријатијата со најголем буџет, Јавното претпријатие за државни патишта, му го довери на Коце Трајановски. Покантно е што градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, сега ќе има моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти.

Коце Трајановски е човекот кој во својата најтесна фамилија е косопственик и управител на фирмата Косистеми ДОО чија дејност опфаќа и градежништво. Ова е најава за огромна корупиција која се подготвува во ова претпријатие.

Нема поголема потврда како планира да работи ВМРО-ДПМНЕ од оваа одлука со која рехабилитираат функционери кои нанеле државна штета од преку 700 милиони евра.

Граѓаните не гласаа за враќање назад туку за промена која воопшто не се случува и тешко дека ќе се случи.