Со месеци Христијан Мицкоски го лажеше народот дека само што не формирал ново парламентарно мнозинство. Вчера излезе на виделина лагата на Мицкоски, ново парламентарно мнозинство нема.Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народотЌ, се вели во сопштението на СДСМ.

Според оваа партија, ова парламентарно мнозинство нема да ја става државата на ризик и нема да гласа за брзи предвремени парламентарни избори.

„Мнозинството ќе се посвети на реформите за државата да продолжи напред во решавање на последиците од пандемијата и во соочување со енергетската криза, и почеток на преговорите со ЕУ. СДСМ и коалицијата нема да дозволат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го загрозуваат Договорот од Преспа, да не втурнат во нови кавги со Грција и другите соседи, да не внесат во конфликт и внатрешна омраза и на тој начин да ја вратат државата назад во темното минато на режимот“, велат од СДСМ.