Владејачката СДСМ се фали дека просечната плата во изминатите три години порасната за 4500 денари.

-И во време на пандемија и економска криза, не застана растот на платите во државата. Последна потврда за тоа е просечната плата за месец декември 2020 која изнесува 28.294 денари, што е за пет отсто повеќе во однос на декември 2019 година.

Растот на минималната и просечната плата е врвен приоритет за СДСМ уште од првите денови на мандатот. Веднаш ја зголемивме минималната плата на 12.000 денари а потоа и на 14.500 и ја израмнивме во сите сектори.

Тоа, како и отворањето на нови работни места ја отвори спиралата на раст на платите и затоа три години по ред бележиме постојан раст на просечната плата.

Во последните три години, од крајот на 2017 кога е исплатена просечна плата од 23.850 денари до декември 2020 кога е исплатена просечна плата од 28.294 денари, бележиме раст на платите за 18,63 отсто. Односно, во апсолутна сума просечната плата од декември 2017 до декември 2020 година пораснала за речиси 4.500 денари.

Тоа е раст за повеќе од три пати споредено со периодот 2014-2017 година, последните години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога просечната плата пораснала за 6,44 отсто, осносно за 1.443 денари, велат од СДСМ.