Македонската економија денес е стабилна, развојна и се движи во добра насока, по успешното надминување на коронакризата, а тоа го покажуваат официјалните економски показатели, велат од владејачката СДСМ.

Од таму додаваат дека последните податоци од Државниот завод за статистика говорат дека во првите пет месеци од оваа година, јануари – мај, забележуваме раст на извозот од 58,2 отсто споредено со истиот период 2020 година.

Паралелно, бележиме и раст на индустриското производство, раст на просечната плата и пад на стапката на невработеност.

Како што велат од владејачката партија, денес имаме историска стапка на невработеност од 16 отсто, а просечната плата за месец април 2021 година е за 10 отсто повисока во споредба со истиот месец лани.

Сите овие показатели говорат за успешноста на економските мерки на Владата предводена од СДСМ, велат од таму.