„Со граѓаните на Демир Капија денеска рамо до рамо застанаа генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски и претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески.

На маалска средба со граѓаните Зечевиќ порача дека пред целото македонско општествo е исправено пред шансата да се заокружи клучната државничка цел за членство во ЕУ која треба да се искористи, да не се влезе во замката на националистите, да не дозволиме да се вратиме назад во неизвесност.

-Ние и како држава и како народ, мора да бидеме на мапата рамноправни европски држави, рамо до рамо со европските државотворни народи. Не е тоа само поради глобалниот план, тоа е поради македонскиот државнички, национален и општествен план. Македонците имаат историска шанса својот посебен македонски идентитет, да го вградат во европскиот и со тоа да го затворат клучното национално прашање и да ја обезбедат иднината. Тоа го носи концептот за европска Македонија. Од една страна европска иднина значи подобар животен стандард, напредок, европски вредности а од друга страна значи обезбеден, сочуван, за навек, македонски идентитет. Тоа е нашиот спас. Затоа е важно да истраеме на вистинскиот, на европскиот пат, да го заокружиме овој процес целосно и до крај. Глас за Европа во Собранието е глас за сигурна македонска иднина. СДСМ е предводник на концептот за европска република и ќе продолжи да ги разобличува промашените пропаганди, да ги трасира победничките политики до нова победа, рече Зечевиќ.

Трајчулески рече дека Демир Капија е пример за успешна општина водена од градоначлникот Лазар Петров од СДСМ.

Успехот што го постигнавме во последните години се базира на заедничко делување, план и напорна работа, што е одлика на македонските социјалдемократи на централно но и на локално ниво.

Граѓаните на Демир Капија добро знаат што значи социјалдемократскиот модел и кои се резултатите од политиките на СДСМ.

За малите семејни винарии и годинава обезбедуваме грант од 10.000 евра, а за прв пат ги помагаме и малите дестилерии со грант од 5.000 евра. Прва земја во регионот сме по извоз на вино, а 29 земја во светот. Трета година бележиме раст кај извозот на флаширано вино. Лидери сме во регионот по искористеност на ИПАРД и затоа ќе ни бидат доделени нови 98 милиони евра, неповратни средства од ИПАРД 3 Програмата за нови инвестиции.

Членот на ЦО на СДСМ, Љупчо Николовски и портпаролката Богданка Кузеска денеска беа во Росоман, како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“.

Николовски пред граѓаните истакна дека СДСМ како одговорна партија постојано вложува во земјоделството, креира мерки и решенија заедно со земјоделците со цел земјоделците да бидат мотивирани да го зголемат своето производство. Како пример за посветена грижа и инвестиции во земјоделството, Николовски ја издвои денешната исплата на субвенции кон тутунопроизводителите.

Денеска исплативме рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година кон 15.753 производители на тутун. Ова е историска и рекордна исплата! Висината на субвенциите е скалеста и таа изнесува 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун , 70 денари за втора и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година. Минатата година имавме историски највисока просечна цена на откуп и за прв пат тутунот достигна рекордна откупна цена од 290 денари по килограм, што е зголемување за 44% во споредба со реколтата од 2021 година, истакна Николовски.

Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска заедно со членката на ИО на СДСМ Ивона Кузмановиќ денеска беше меѓу граѓаните на општина Кавадарци.

Пред присутните, Лукаревска истакна дека СДСМ преку своите мерки и политики успешно се справи со последиците од кризата, дека и во време на криза социјалдемократскиот економски модел даде резултат.

– Износот на диркетни странски инвестиции минатата година достигна рекорден износ од 753 милиони евра. Два пати повеќе во споредба со 2016 година. Со нашите политики дома и надвор обезбедивме стабилна економска клима, сигурна за инвестирање, за раст и развој. Се отвораат и нови добро платени работни места. Не се работниците веќе евтина работна сила, трудот мора да се цени. Невработеноста успеавме да ја намалиме за 8%, додека стапката на вработеност се покачи за речиси 10%., порача Лукаревска.

СДСМ е партија на народот и постојано е меѓу граѓаните. Со теренската активност “Рамо до рамо до победа“ СДСМ посетува 946 населени места. Разговараме со граѓаните за се што е важно, ги слушаме но и даваме отчет за сработеното досега, а говориме и за она што следува во иднината.

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев и Роберт Бекироски беа рамо до рамо со граѓаните на Неготино.

-СДСМ обезбеди силна поддршка за земјоделците и затоа денеска имаме рекордни исплати кон земјоделците. За два месеци над 86 милиони евра се исплатени кон земјоделците. Со вистински политики постигнавме највисока откупна цена на тутунот. За малите семејни винарии и годинава обезбедуваме грант од 10.000 евра. Затоа сме лидери во регионот со најголем извоз на флаширано вино, една од гранките по којашто е познат и овој регион. За младите исто така имаме мерки, грант од 10.000 и 20.000 евра даваме поддршка за младите активно да се вклучат во земјоделството. Жените земјоделки за прв пат во историјата после 30 години добија право на платено мајчинство, рече Богоев.

Бекировски пред присутните потсети на режимската матрица на ВМРО-ДПМНЕ и додаде дека 27 април е најцрниот ден во историјата на македонската демократија.

-За жал нема промена во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата режимска, насилничка партија, додаде тој.

Во општина Лозово беа Даниела Рендевска и претседателот на СДММ Марко Михаилоски кои истакнаа дека СДСМ преку оперативниот план за вработување, како и преку мерките и неповратните грантови од 10 и 20 илјади евра за младите земјоделци, прави се за младите да останат во своите родни краишта“, се вели во соопштението на СДСМ.