Признавањето вина на поранешните високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за случајот „Титаник“ е потврда за сите изборни измами и за целиот криминал на режимот, велат од СДСМ во партиско соопштение.
„Злосторничко здружување, изборни измами, поткуп при гласање, уништување на избирачки материјал или со еден збор, криминализација на изборниот процес од страна на ВМРО-ДПМНЕ.
Се потврди се она што го говоревме. ВМРО-ДПМНЕ ја фалсификувала слободната волја на граѓаните преку злоупотреба на институциите и парите на граѓаните.
Признанието во предметот „Титаник“ е признание дека ВМРО-ДПМНЕ е злостроничко здружение.
Одговорност во овој предмет како и за сите останати предмети мора да има“, стои во соопштението на владејачката партија СДСМ.