Портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска изјави дека пресудата за Мијалков е удар врз остатоците од режимот на ВМРО-ДПМНЕ, но и правда за 20 илјади граѓани кои биле прислушувани.

-Изречената прва пресуда за нелегалното прислушување што Сашо Мијалков и врвот на ВМРО-ДПМНЕ го правеле со години е правда за над 20.000 граѓани, кои незаконски биле прислушувани во тие години, само затоа што не мислеле и не делувале како врвот на ВМРО-ДПМНЕ, биле на нивниот список на неподобни. Оваа пресуда е силен удар кон остатоците на режимот на ВМРО-ДПМНЕ спроведуван од Груевски, Мијалков, Јанкуловска и многу други, а кој се уште од поединци, се одржува жив во Белата палата, изјави Богданка Кузевска портпарол на СДСМ.