Христијан Мицкоски води хајка против најголемата инвестиција во инфраструктурата за изградба на коридорите 8 и 10Д, од страна на конзорциум Бехтел – Енка, кој во соседна Србија гради патишта врз основа на истиот договор како кај нас, велат од СДСМ.
Во нивното соопштение се вели:
Kакво мислење има Мицкоски за вчерашниот настан на Вучиќ при пуштањето во употреба на дел од автопатот во Србија кој што е реализиран од страна на истиот конзорциум Бехтел – Енка како и во нашата земја, со истиот специјален закон како и кај нас и со ист договор како и нашиот?
Дали Мицкоски смета дека српскиот претседател Александар Вучиќ е корумпиран од страна на Бехтел и Енка, САД и Турција?
Дали смета дека договорот е криминален?
Дали, според Мицкоски, Вучиќ згрешил?
Дали Мицкоски знае колку часови работат спрските граѓани на автопатиштата во Србија?
Дали опозицијата во Србија ги блокира законите?
Дали Мицкоски за време на неговите чести и интересни патувања во Белград како и средби со Вучиќ, меѓу другите активности во Белград, му ги кажал овие негови ставови и сомнежи?