Поминаа веќе 5 дена како шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски молчи за неговата улога, или со речникот на ДПМНЕ, за неговите рачиња во тендерот од 136 милиони евра, обвинува СДСМ.

Како што велат од владејачката партија, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ се фатени живи, со рацете во скандал тежок 136 милиони евра.

-Оттука е нервозата, оттука е паниката и затоа штанцаат невистини во очаен обид дека ќе го покријат скандалот.

Не бива таа работа, особено што продолжува расколот во ВМРО ДПМНЕ, после Арсовска и Мицевски застана контра ставовите на Мицкоски.

А што се однесува до Ковачки, токму тој е дрзертер, избега од Армијата за да му служи на Мицкоски како пратеник.

Тоа што шпицниот градоначалник се крие а го вади Ковачки, вмешан во 27 април и неуспешен обид за дестабилизација на земјава во јуни, говори колку е очаен Мицкоски, велат од СДСМ.