СДСМ не дозволи граѓаните да не можат да функционираат нормално заради блокадите на Левица и ВМРО-ДПМНЕ на Законот за лични карти, велат од владејачката парија. Од таму додаваат:
МВР како надлежна институција и Министерот за внатрешни работи ги имаат сите законски овластувања за донесување на подзаконскиот акт со кој се уредува издавањето на лична карта за граѓаните, а во согласност со Уставот, Уставните амандмани, Законот за лична карта и Законот за употреба на јазиците. Донесувањето на подзаконскиот акт кој во текот на вчерашниот ден беше објавен во Службен весник, ќе овозможи повеќе од 45 илјади граѓани да ги добијат личните документи во законски предвидениот рок и постапката да продолжи непречено да тече за сите поднесени барања за издавање на лична карта.
Инаку, Владата на вчерашната седница го задолжи МВР да изнајде решение да почне издавањето на личните карти, а од таму со подзаконски акт кој ќе биде во согласност со законот за употребата на јазиците да се издаваат овие документи.