-Очен е обидот на ВМОР-ДПМНЕ со нарачани и лажирани анкети да го храбри Христијан Мицкоски во своите дестурктивни чекори и блокади, велат од владејачката СДСМ.
Како што велат од таму, анкетите нарачани и лажирани од ВМРО-ДПМНЕ граѓаните многу добро знаат како се спроведуваат, за што говори и видеото во прилог: https://fb.watch/cTfO7dW3O1/
Во соопштението се вели:
Лажирани анкети по нарачка на ВМРО-ДПМНЕ не може да ја покријат неработата на градоначалниците од оваа партија во изминатите 6 месеци ниту пак криминалната матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Оваа агенција и во 2020 година предидуваше победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата на парламентарните избори, па тоа не се случи, напротив. Предвидувањата им беа неточни, ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори доживеа пораз.
Ниту една лажна анкета нема да му помогне на Мицкоски.
СДСМ има план, ќе се спротивстави на неговите обиди за блокада на државата.
Нема да дозволиме нарачките од Груевски, спроведени од Мицкоски повторно да ја загрозат иднината на државата.