СДСМ нема да ја поддржи Декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев, најави координаторот на пратеничката група Јован Митрески.
Ваквата декларација за владејачката партија претставува политичко понижување на ликот и делото на Делчев со која, како што велат, ќе се продлабочат поделбите во македонскиот народ. Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сака да ја види Македонија во ЕУ да се вклучат на конструктивен начин во процесите кои се од национален интерес, повикаа од СДСМ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, пак, не се откажуваат од Декларацијата за Гоце Делчев и очекуваат поддршка од останатите партии. Уште еднаш ја потенцираа потребата од нејзино носење која според нив треба да го отслика единството на политичките партии во македонското Собрание, но и на целокупното општество околу делото на македонскиот револуционер.
Во Декларацијата од осум точки што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ по повод 150 годишнината од роденденот роденденот на Гоце Делчев се реафирмираат наследството, улогата и неговото значењето. Таа се уште не е стигната во рацете на собранискиот спикер Талат Џафери, па останува неизвесно дали на дневен ред на седницата во четврток.
Извор Канал 5