„Илјадници работници власта остави без плата. Иако поминаа недели од законскиот рок, платите на вработените во државни институции сè уште не се исплатени. Не само вработените во културата, вработени во Министерствот за економија, во Државниот пазарен инспекторат исто така немаат земено плата“, велат од СДСМ.
„До таму ДПМНЕ ја донесоа земјава – не зборуваме веќе за економски развој, туку дали Владата ќе може да ја исполни најосновната обврска – исплатата на заработената плата!
Ова не е само скандал, ова е кршење на основните права на работниците, уривање на нивното достоинство и уште една потврда за целосната неспособност на Владата предводена од ДПМНЕ.
Ова е врв на игнорантност и понижување на македонскиот работник. Тотална незаинтересираност на власта за работниците.
Прашауваме кој ќе ја сноси одговорноста?
Платата не е награда. Платата е законско, загарантирано право.
Додека функционерите од власта се расфрлаат со папаја, манго и луксузи, работникот живее од трошки и едвај крпи крај со крај.
Во овие десет месеци, животот на илјадници семејства се претвори во преживување од месец во месец. Животниот стандард е на историско дно, цените и сметките растат, а Владата одби секое барање за покачување на платите. Македонскиот работник е најпотценет во регионот.
Бараме најитно исплата на сите неисплатени плати. Работниците не се статистика – тие се столб на општеството и нивниот труд, нивното достоинство мора да бидат почитувани“, соопшти СДСМ.
Текстот СДСМ: Не е само култура, илјадници работници власта остави без плата е превземен од МАКФАКС.