Интерпелацијата против претседателот на Собранието Талат Џафери нема да го има ниту гласот на пратениците на СДСМ, иако од оваа партија, се согласуваат дека Џафери го прекршил Уставот со говорот на албански јазик во Европскиот парламент.

Интерпелацијата е поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ кои го обвинија претседателот на Собранието за кршење на Уставот и законите по обраќањето на албански јазик во Комисијата за надворешни работи во Европскиот парламент. Причината за оваа интерпелација се обвинувањата за непочитување на наредбата и Регулативата во водење на законодавниот дом. Но, оваа иницијатива, освен што ја нема поддршката од пратениците на ДУИ, исто така нема да ја добие поддршка и од пратениците на Алијансата за Албанците и Алтернатива. Овие најави кажуваат дека иницијативата е невозможно да помине.

„Целта на интерпелацијата е да се зборува за однесувањето на претседателот на Собранието на тој настан, но добро е да се дебатира и за неговото општо однесување во Собранието. Ова вклучува чести прекршувања на Уставот, законите и деловникот. Ќе го следиме гласањето и бројките ќе покажат дали има поддршка за негова промена или не. Ќе се искористи можноста да се побара политичка одговорност од него”, велат од ВМРО ДПМНЕ.

Интерпелацијата е поднесена во понеделникот. Според деловникот, функционерот на кого му е поднесена интерпелација има право да достави писмен одговор, најдоцна 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. Интерпелацијата се става на дневен ред на следната наредна седница на Собранието, по 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Доколку одговорот не биде доставен во рокот предвиден со деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на следната прва седница.