Со месеци ништо не сработи градоначалничката на ВМРО-ДПМНЕ, Данела Арсовска. Оправдувањето е дека со месеци Аровска го барала споменикот на Ќосето. Наместо проекти, наместо помош за граѓаните во време на криза, Арсовска на скопјани им ги нуди спомениците на Никола Груевски, вели Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје.
Од оваа партија велат дека нема нови автобуси, нема бесплатен јавен превоз, нема нови паркови и зелени површини, БРТ проектот и мостовите од нејзиниот претходник се намерно прекинати.
-Споменикот на Андон Јанев беше бесправно поставен и затоа беше отстранет.
Поставувањето на споменикот пред зградата на судот беше сфатено како порака за партиска послушност на судиите на тогашната власт.
Отстранувањето на споменикот и засадувањето на дрвото на негово место е симбол на почитување на законитоста, правдата и правичноста.
Најавата за повторно поставување на споменикот на Ќосето е продолжување на матрицата на Никола Груевски и режимската ВМРО-ДПМНЕ и ништо друго.
Скопје и скопјани, не заслужуваат ваков понижувачки, неодговорен однос од првиот човек на Градот и како советничка група на СДСМ ќе се спротивставиме на ова, вели Гордан Шутаров, генерален секретар на СДММ и советник во Советот на Град Скопје