Карванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска ги посети општините Аеродром, Гостивар, Теарце, Врапчиште, Тетово, Брвеница и Јегуновце.
Во општина Врапчиште беше секретарот за меѓународна соработка на СДСМ Бојан Маричиќ заедно со Славица Кутиров и со граѓаните зборуваше за важноста на евроинтеграцискиот процес и имплементацијата на Договорот со Фронтекс.
– Фронтекс е дополнителна заштита на нашите граници, но и потврда дека македонскиот јазик денес е еднаков со сите останати официјални јазици на Европската Унија. Сето тоа немаше да биде можно без храбрите државнички одлуки на СДСМ и усвојувањето на заклучоците во Собранието од страна на напите пратеници, порача Маричиќ.Како што информира СДСМ, во Тетово беа членот на Извршниот одбор на партијата Благој Бочварски, заедно со Ивона Кузмановиќ, кои се осврнаа на изградбата на коридрите 8 и 10Д односно на досега најголемиот инфраструктурен проект во државава.
-Вкупната должина е околу 110 километри, во вредност од 1,3 милијарди евра. Тоа обезбедува нов економски и развоен импулс за државата, придобивки за граѓаните и стопанството. Во овој регион ќе има современи автопати на делниците Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани, Требениште – Струга – Ќафасан, за подобро и побезбедно поврзувaње за граѓаните, подобри услови за стопанството, значителен поттик за трговијата и раст на инвестициите, истакна Бочварски пред граѓаните на Тетово.
На средби со граѓани во Гостивар беа Коста Начевски и Рената Младеновска, а во Теарце Филип Даскаловски и членот на ИО на СДСМ Костадин Ацевски. Средби со граѓаните на Брвеница остварија Викторија Мадиќ и Јовица Стојановиќ. Виктор Велевски и Боро Еркечов имаа средби со граѓаните на Јегуновце.Претседателот на Градската организација на СДСМ, Васко Кичевски, заедно со претседателот на партиската комисија за транспорт и врски, Митко Трајчулески, беше меѓу граѓаните од населба Лисиче во општина Аеродром.
Централна тема, соопштува СДСМ, беше новиот Предлог детален урбанистички план за оваа населба.
– СДСМ е на страна на граѓаните од Лисиче и општина Аердором кои не сакаат бетонизација и преку советничката група и јавно се спротивставува на намерите на ВМРО-ДПМНЕ, наведува СДСМ.