На 13 јули СДСМ ќе ги објави првите 20 кандидати за градоначалници, соопшти на брифинг со новинарите генералниот секретар на партијата Љупчо Николовски.
Тоа ќе биде првата фаза, втората до крај на јули и третата до крај на август кога ќе бидат познати кандидати за сите општини. Досега до партијата се доставени 50 самокандидатури. Од анкетите која партијата ги спровела за сопствени потреби, покажуваат водство на СДСМ од 21,7 отсто пред ВМРО ДПМНЕ со 19 отсто.
За кандидат за градоначалник на Град Скопје се преговара со коалицискиот партнер ДУИ. Заев и Ахмети вчера одржале средба а дефинитивен договор се очекува следната недела кога ќе има уште една официјална средба. Освен во Скопје се разгледува можноста и за коалицирање и во други општини.
Од имињата кои се споменаа, актуелниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов го кандидирале општинските организации. Стојанче Ангелов сам поднел кандидатура за нселба Аеродром. За Битола општинските организации ги кандидирале актуелната градоначалничка, но и Васко Ковачевски и Горан Милевски.