„Зошто после речиси една недела од објавувањето на наводите за наводно следење власта не ја отпочнува процедурата за декласификација на документите со случајот АНБ? Зошто самиот Мицкоски не побара декласификација на документацијата од Агенцијата за национална безбедност во која наводно бил следен“, прашуваат од СДСМ.
„СДСМ започнува со објавување на вистината за случајот АНБ. Кои се причините и што се крие зад бегањето на власта од декласификацијата на документите?“, велат од СДСМ и најавуваат прес-конференција на портпаролката на партијата, Богданка Кузеска, од 10.30 часот денеска.
Текстот СДСМ најави: „Започнуваме со објавување на Вистината за случајот АНБ, зошто власта бега од декласификација?“ е превземен од МАКФАКС.