Секако дека Собранието е место за дебата и одлука околу заклучоците за европскиот предлог и Христијан Мицкоски со ова покажува дека сака да избега од собраниската јавна дебата, порачаа денеска од СДСМ.

Според владеачката партија, тоа што ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски бегаат од дебата за вакво важно прашања за иднината на нашите граѓани и нашата држава покажува дека се плашат од вистината, се плашат дека ќе пропаднат сите негови лаги и измислици.

-Со последниот европски предлог имаме чист македонски јазик во ЕУ, без додавки и фусноти, македонскиот идентитет е целосно заштитен , а историските прашања не се дел од преговарачкиот процес.ВМРО-ДПМНЕ да не бега туку да учествува во дебатата во Собранието а дотогаш да се откаже од блокадите, деструкциите и крвавите сценарија со проруската Левица и Алијанса, кои не ум успеаја, соопштија од СДСМ.