Владејачката СДСМ со писмено соопштение се огласи и го повика пратеникот Антонио Молошоски да не се крие и да поднесе оставка од функцијата пратеник во Собранието. Како што велат од оваа партија постојат документи дека бил осуден во Германија.
-Откако информациите во медиумите се поткрепени и со документи дека пратеникот Антонијо Милошоски бил осуден и казнет за сторени кривични дела во Германија, тој мора да излезе пред јавноста, да се извини и да си даде оставка од функцијата пратеник.
Јавно објавените документи, разоткрија уште една лага на Милошоски, докажан дезинформатор и близок соработник на Христијан Мицкоски. Граѓаните знаат дека против Милошоски се води предмет и постапка и пред македонските судови, знааат дека Милошоски ја злоупотребува говорницата во Собранието да шири лажни вести, знаат дека тој и Мицкоски се на браникот на криминалот. Милошоски да не се крие, да престане да лаже и да даде оставка од функцијата пратеник во Собранието, се вели во соопштението на СДСМ.
Од друга страна, пак, Антонио Милошоски вчера негираше дека бил осуден во Германија и дека ова е уште една измислена афера од страна на власта.
Сепак, неколку медиуми објавија документ на кој наводно се гледа дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ бил два пати осудуван. Документот е издаден од основниот суд Тетово по барање на државната изборна комисија на почетокот на 2020, и јасно покажува дека тој бил два пати осудуван.