Планот на Европската унија за раст на економиите на Западен Балкан и става на располагање на нашата држава милијарда евра, велат од СДСМ.
Во нивното соопштение се вели:
Отворени се привилегиите и можностите од зачленувањето во Европската Унија пред време, односно додека траат преговорите.
Првиот трансфер треба да се направи со април 2024 година.
Тоа значи дека ако продолжат реформите и процесот на интеграција, првиот трансфер од новиот пакет на ЕУ ќе го имаме за пет месеци.
Тоа е голема шанса која не смее да се пропушти, а тука е и отворањето на единствениот европски пазар за македонската економија, како и раст на животниот стандард на граѓаните.
Токму затоа блокадите на ДПМНЕ и Мицкоски на европскиот пат мора да бидат поразени.