Христијан Мицкоски треба да одговори за диловите со Груевски, се вели во соопштението на СДСМ.
Од таму, потенцираат:
Дали на овој начин Мицкоски ги прикрива барањата за амнестија на негови сопартијци, заради незадоволство токму од него?
За Никола Груевски нема да има амнестија и ќе биде уапсен во истиот моментот кога ќе стапне во земјава.
Но, нема дилема дека Груевски сепак е вистинскиот лидер на ДПМНЕ, и затоа Мицкоски е толку нервозен.
Политиката на блокада на Мицкоски е само копија на оригиналот и очигледно дека има структури во ДПМНЕ кои не се задоволни од него.