Христијан Мицкоски со континуирано изнесување невистини ја поткопува и загрозува истрагата за Онкологија.
Ако Мицкоски навистина има докази треба да ги поднесе до надлежни институции, пред се до надлежно Јавното обвинителство, велат од владејачката СДСМ.
Во соопштението се вели:
Јавно објавување значи директно загрозување на истрагата за Онкологија, а прикривање докази е кривично дело.
Очигледно Мицкоски свесно ја загрозува истрагата за Онкологија и се наметнува прашањето која е неговата цел, дали сака да ја попречи правдата и да заштити некој од инволвираните во случајот.
После 20 години, гласини и индиции за прв пат во време на СДСМ, институции влегоа и направија акција за расчистување.
Одговорност за сите инволвирани во случајот на клиниката за онкологија ќе има, независно од политичката или етничка припадност.























