Мицкоски е заглавен во етнички поделби, Рамковниот договор е фундамент на државата и граѓанскиот концепт на соживот, велат од СДСМ во реакцијата за најавата дека Христијан Мицкоски, а воедно никој од ВМРО-ДПМНЕ нема да биде присутен на прославата на Рамковниот договор.
Oхридскиот Рамковен договор е мировен договор кој ја отслика фактичката реалност – дека фундаментот на државата е граѓанскиот концепт на соживот меѓу македонскиот народ и другите етнички заедници.
Жалиме што и после 20 години, безидејните политичари како Христијан Мицкоски се уште обидуваат својата политичка егзистенција да ја остваруват преку сеење поделба меѓу граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ не може да избега од сопствениот учинок во црните страни на нашата понова историја.
Воениот конфликт во 2001 се случи за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, кога бегалецот и осуден криминал Никола Груевски беше министер за финансии.
Охридскиот рамковен договор како документ кој донесе прекин на воените дејствија е потпишан и од ВМРО-ДПМНЕ.
Бегањето од одбележување на 20 годишнината од Рамковниот договор е тешко политичко лицемерие кое потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште е заглавена во поделбите по етнички линии.
“Македонија на сите луѓе” се покажа дека е уште една лага, не се прави со игнорирање на концептот на граѓанска држава и со промовирање чисто етнички политики, велат од СДСМ.